drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
Панчевски најбрз на АЛКАЛОИД Блиц Опен 2016 PDF Печати
AlkaloidLogoОтворениот турнир во брзопотезен шах АЛКАЛОИД 2016, што се одржа на 20 март (недела) 2016 година, во хотел „Континентал“ во Скопје, заврши со победа на првиот фаворит интернационалниот мајстор Филип Панчевски.

Повторно ја потврди својата доминација и по одиграните 13 кола, со темпо на игра 03 минути по играч со додаток од 02 секунди, со освоени 10½ поени го освои првото место и победничкиот пехар. Со ист број на поени, но со послаби дополнителни критериуми, второто место го освои младиот Ндерим Сарачи од Косово. Трет беше велемајсторот Трајко Недев со 10 поени.

Комплетната табела со сите податоци за турнирот на http://chess-results.com/tnr207353.aspx?lan=1