drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
Собрание на ШФМ PDF Печати
shfm

На 24 март 2016 година, во просториите на ресторан „Гранит“ во Скопје, по подолго време се одржа седница на Собранието на Шаховската федерација на Македонија.

Усвоени беа натпреварувачките и финансиските извештаи во изминатиот период. Без оглед на тешкотиите во функционирањето, солидна е бројката на организираните меѓународни шаховски настани во Македонија. 

 

Избрани се нови членови во Управниот Одбор на ШФМ.

На седницата, одржана за време на одржувањето на Карпош Опен 2016, беа истите претставени и запознаени со состојбата и тековните работи на Шаховската федерација на Македонија.

Управниот Одбор сега е во следниот состав

1) Благоја Богоевски, Претседател

2) Алајдин Хавзиу (директор на Државен инспекторат за труд), Потпретседател

3) Лидија Софревска-Андонова, Секретар на УО

4) Зоран Стојчевски

5) Влатко Богдановски

6) Јасминка Станкова  (правник, Секретар во ИЗИИС)

7) Невзат Умер (менаџер во проектот Џевахир)

8) Драги Огњановски (машински инг., сопственик на градежна фирма)

9) Жика Ѓориќ (електро инг., ГМЦ Инженеринг)