drim1
novamakedonija
todor-mitrov-logo
Информации од Шаховската федерација на Македонија PDF Печати
shfm

Информации за Шаховска олимпијада во Баку, Азербејџан и Европско поединечно првенство во Ѓаковица, Косово.

 

 

 

  • Шаховска олимпијада во Баку, Азербејџан

Избран нов селектор на машката шаховска репрезентација на Македонија. Интернационалниот мајстор Марјан Митков во најскоро време треба да го соопшти составот на репрезентацијата  за Шаховската олимпијада во Баку, Азербејџан од  01-14 септември 2016 година. Последен рок за пријавување на составот е 30 јуни. Деновиве треба да се очекува избор на селектор и на женската репрезентација на Македонија.

Информации за Олимпијадата на http://www.bakuchessolympiad.com/

MarjanMitkov

 

 

 

 

 

 

 

Марјан Митков

 

ShahovskiSudii

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Марјан Митков( во средината) со Кире Николоски и Сашко Лакински (шаховски судии)

 

  • Европско поединечно првенство во Ѓаковица, Косово
Делегација на Шаховската федерација Македонија го посети Европското поединечно првенство што се игра од 12-23 мај во Ѓаковица, Косово. Со домаќинот, Претседателот на Шаховската федерација на Косово, г-дин Нусрет Авдиу средба имаа Претседателот г-дин Благоја Богоевски  и Потпретседателот г-дин Алајдин Хавзиу.Беше констатирана добрата взаемна соработка, а во план е пријателска средба помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово која би се одржала во  Охрид  во текот на годината.
Информации за Европското првенство во Ѓаковица, Косово на официјалната страна на домаќинот http://eicc2016.com/ и http://www.chess-results.com/tnr206558.aspx?lan=1

 

MimozaiNusret

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мимоза Кусари-Лила (Градоначалник на Ѓаковица) и Нусрет Авиду
Gjakovica

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дел од турнирската арена на Европското првенство во Ѓаковица